Сите потрошувачи кои нема да успеат до крај на март да ги склучат договорите за набавка ќе ги снабдува ЕВН ХОМЕ
Сите потрошувачи кои нема да успеат до крај на март да ги склучат договорите за набавка на електрична енергија и да изберат снабдувач поради вонредната состојба со корона вирусот, ќе продолжат да бидат снабдувани од ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, како снабдувач во краен случај со електрична енергија, во согласност со препораката на Владата, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги