ССМ: Работниците имаат право на платен одмор по прогласување на вонредна состојба
По прогласувањето на вонредна состојба на територијата на целата држава, согласно Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, работниците имаат право на платен одмор заради лични и семејни околности до 7 работни дена во текот на годината, а покрај друго и за елементарни непогоди до 7 дена, согласно Спогодбата од 2016 година, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија