РКЕ: Во следните две недели да не се исклучуваат потрошувачите на струја, вода и парно поради неплатени сметки
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) им препорачува на компаниите вршители на енергетски дејности, како и на јавните претпријатија што се даватели на водни услуги кон граѓаните, во следните две недели да се воздржат од исклучување на граѓаните од соодветните системи за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и вода поради неплатени сметки