Над 2700 лица во текот на минатата година се пожалиле во Организацијата на потрошувачите на Македонија
Најмногу поплаки имало во скопскиот регион, повеќе од половина од вкупниот број, а најголем дел се однесуваат на сервисирање мобилни телефони, инвертер-клими, фрижидери. Специфични случаи што се појавиле изминатата година биле за купување производи надвор од деловниот објект