НБ: Вкупните кредити во јануари исти на месечна, но повисоки за 6,8 проценти на годишна основа
Во јануари годинава паричната маса бележи надолна месечна промена од 1,5 отсто, а на годишна основа има зголемување за 7,8 проценти. Вкупните депозити се намалија на месечна основа за 1,0 отсто, но на годишна основа продолжија да растат, за 9,3 проценти, при раст на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, информира Народната банка