Граѓаните може да аплицираат за субвенциониран станбен кредит со камата од 2,9%
Граѓаните отсега можат да аплицираат за новите и подобрени услови за субвенциониран станбен кредит. Со објава на законските измени во Службен весник стапуваат на сила пониските каматни стапки од 2,9%, но и други поволности како дополнителна едногодишна субвенција од 30% за родено или посвоено дете.