Владата добила список на потенцијални инвеститори за Попова Шапка
Владата преку амбасадите во Австрија, Германија, Италија, Швајцарија и Франција побарала да им се обезбеди список на потенцијални инвеститори и сопственици на скијачки центри и веќе им е доставена листа на компании можни инвеститори во скијачкиот центар Попова Шапка, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.