Во март издадени 277 дозволи за градење, нови 276 станови
Во март годинава се издадени 277 одобренија за градење, што е за 56,5 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Во извештајниот период е предвидена изградба на 276 станови, со вкупна корисна површина од 28.520 метри квадратни, објави денеска Државниот завод за статистика.