Пораст на трошоците на живот кај овошјето, зеленчукот и авионскиот превоз на патници
Трошоците на живот во април во однос на март годинава се зголемени за 0,8 проценти, а споредено со април лани за 1,9 проценти. За 1,2 проценти, пак, има пораст кај цените на мало во април во однос на март годинава, кои пак споредено со април минатата година се зголемени за 1,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.