Младеновски: Незадоволството на компаниите не е од зоните, туку од наглите промени во законите
До крајот на годинава и официјално треба да профункционираат првите три канцеларии за економска промоција на земјава: во Турција, Германија и САД. За почеток, во нив ќе работат по две лица, еден раководител и негов заменик, а фокусот ќе им биде презентација на слободните економски зони и привлекување компании од областа на индустријата.