Централната банка во 2018 ги реализирала целите на монетарната политика
Советот на Народната банка денеска одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај за 2018 година. Притоа е нагласено дека и во изминатата година, централната банка успешно ги оствари целите на монетарната политика за одржување на ценовната стабилност, преку задржување на стабилноста на девизниот курс на денарот кон еврото и обезбеди натамошно зајакнување на финансиската стабилност, соопштуваат од Народната банка