Компании од Бугарија, Кипар, Грција и Албанија заинтересирани за соработка со домашни компании
Компании од Бугарија, Кипар, Грција и Албанија, се заинтересирани за деловна соработка со македонски компании. Денеска на бизнис форум во Битола организиран од Гаус Институт-Битола во соработка со Регионалната стопанска комора – Битола, ги промовираа своите потенцијали и се очекува востпоставување директна соработка.