Голем дел од оние што бараат работа, молат да не ја најдат
Околу 190 илјади лица се евидентирани во Агенцијата за вработување како невработени, а половина од нив се пасивни баратели односно на секои шест месеци само се пријавуваат во Агенцијата. Од оние кои бараат работа, голем дел не се појавуваат на интервјуата за работа, а од оние кои ќе отидат на интервју за работа, половина не ја прифаќаат работата.