Проект WE MAKE: Потребно јакнење и унапредување на женското претпримништво
Во моментов околу 30 отсто од компаниите во земјава се управувани од жени. Тоа е состојба која, како што вели Валентина Дисоска претседателка на Асоцијацијата на бизнис жени, треба да се промени за да се искористи целосниот потенцијал на жените. Тие во пракса се покажале како претпримачи кои повеќе се грижат за вработените и општеството, не само за својот бизнис.