Роаминг како дома – Цел Балкан едногласен за поевтин роаминг
Граѓаните на Западен Балкан, луѓе од бизнисот, патници, студенти, млади…сите се едногласни и се радуваат кога е во прашање намалување на цените на роамингот во регионот, соопшти Регионалниoт совет за соработка (РСС) кој изврши блиц анкета на оваа тема, презентирајќи го денеска видеото со одговорите од луѓето од Сараево, Белград, Тирана, Подгорица, Скопје и Приштина.