Сугарески: Во реконструкција на патот од Гостивар до Кичево ќе бидат инвестирани 8 милиони евра
Околу осум милиони евра инвестираме во реконструкција на патниот правец од Гостивар до Кичево. Реконструкцијата на овој регионален пат е наш приоритет бидејќи е од големо значење за овој дел од државата имајќи предвид дека годишно поминуваат над четири милиони возила, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески од Кичево.