Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, е зголемен за 1,2 отсто.
Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива заклучи да изврши увид дали поднеле Анкетни листови за имотната состојба ректорите, деканите, директорите и заменици директори на институти при сите државни универзитети во Република Северна Македонија.
Околу 200 ученици во с.Гургурница, општина Брвеница добија ново училиште преку Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП) на Министерството за финансии, кој се реализира со поддршка на Светска банка и Европската унија.
Бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2018 година пораснал за 3.7 отсто, соопшти денеска Државбиот завод за статистика.
Одлична реализација од преку 3 милиони евра инвестиции само од почетокот на годинава преку Проектот за подобрување на општински услуги - МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка и Европската унија.
Конференција за поттикнување на политички дијалог за чиста, достапна и безбедна енергија во Република Северна Македонија ќе се одржи денеска во хотел Дабл Три Хилтон, информираат од МАЦЕФ- Центар за енергетска ефикасност на Македонија.
Хидроелектраните „Шпиље“ кај Дебар и „Глобочица“ кај Струга, кои го сочинуваат Црнодримскиот слив, во првите два месеца од годинава оствриле произвоство од 58 милиони киловат часови елерктрична енергија.
Германската компанија „Герешајмер“ АГ ќе гради фабрика за медицинска пластика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје во која ќе се вработат 400 лица од кои речиси 100 инженери. Изградбата на фабриката ќе се реализира во пет фази и по завршетокот ќе биде најголема директна странска инвестиција во земјава.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев не е оптимист дека загубарот ОХИС може повторно да проработи и да се спроведе успешна стечајна постапка како во ФЕНИ индустри.
Инаку фабриката "Герештајмер" продуцира медицински материјал односно опрема, на пример инсулински пенкала.