Најголем дел од младите работат на несоодветни работни позиции и имаат помали плати
Од половина до две третини од вработените во земјава се подвработени, односно се на несоодветни работни позиции во однос на своите квалификации, работат помалку часови или добиваат помала плата, што е особено изразено во приватниот сектор, покажува анализата на истражувањето „Високообразовани, а нископлатени: Вработеност на младите“ што изминатите две години го споровел Finance Think Институт за економски истражувања и политики.