„Копаоник 2019“: Остануваат клучните диспаритети во економските политики
Ниту приватниот сектор, ниту јавните институции, ниту универзитетите се на нивото на одговорност потребно за постигнување повисоки стапки на раст. И натаму остануваат клучните диспаритети во економските политики: односот меѓу капиталот и трудот, активното и издржувано население, како и континуитетот на правната регулатива, оценија учесниците на економски форум „Копаоник 2019“ на кој учествува и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.