Македонска бизнис делегација на Копаоник бизнис форум
Десетчлена македонска бизнис делегација, претставена преку Стопанската комора на Македонија првпат учествува на Копаоник бизнис форумот, најпрестижната бизнис манифестација во регионот. Копаоник бизнис форум е српски, но се смета и за балкански Давос, и на него учествуваат околу 1.500 учесници, 160 панелисти, а ќе се одржат 26 панели, соопштија од Стопанската комора на Македонија.