„Мице Козар“: Тутунарите задоволни од откупот, поверениците неисплатени
Откупот на тутунот е при крај. Во прилепскиот регион остануваат да се преземат мали количества, а веќе почнуваат подготовките за новата реколта тутун. Според Данчо Милески, претседател на тутунско здружение „Мице Козар“, тутунарите се задоволни од просечната откупна цена од 214 денари, со оглед на нестабилната производствена година. Тој апелира приизводителите да ги донесат за откуп преостанатите количества додека има ваги на теренот.