Германски искуства ќе се користат за дуалното образование, инвеститорите и законската регулатива
Дуалното образование, привлекувањето странски инвеститори и подобрувањето на законската регулатива во делот на економијата се областите на кои ќе се работи во следниот период заедно со германскиот експерт Валтер Дефа, испратен од канцеларката Ангела Меркел, кој утрово во Владата го имаше првиот состанок со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.