За пониски цени мобилен оператор би смениле 61,2 процента од граѓаните
Ако им се понудат пониски цени за разговор во мобилната телефонија 61,2 процента од испитаниците опфатени со последната анкета на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) би го смениле мобилниот оператор, 43,6 проценти тоа би го направиле за пониски цени на СМС/ММС и дата податоци, а 37,3 проценти за поевтин мобилен интернет.