Земјоделци од Куманово аплицирале за инвестиции во материјални средства за земјоделски стопанства
Триесет и еден земјоделец од Куманово, Липково и Старо Нагоричане, аплицирале на јавниот повик за мерката-инвестиции во материјални средства за земјоделски стопанства, од европската програма ИПАРД 2, што заврши на деветти февруари, годинава, информираа денеска од подрачната канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството.