СК: Формирањето комора на тезгаџии да не се регулира со Законот за трговија на зелени пазари
Формирањето комора на тезгаџии да не се регулира со Законот за трговија на зелени пазари, а трговците поединци, пензионерите, лицата со договор на дело и вработените да се вратат во законското решение, да им се дозволи да продаваат на пазар, смета Стопанската комора на Македонија и најавува иницијатива за отворање широка јавна дебата по ова прашање доколку тоа не го сторат институциите.