МФ: Минатата година фирмите добиja 23,1 милијарди денари поврат на ДДВ
Заклучно со декември 2018 година, Министерството за финансии изврши поврат на ДДВ на фирмите во висина од 23,1 милијарда денари или 375,6 милиони евра. Тоа е за 3,7 милијарди денари или 60 милиони евра, односно за 19,3 отсто повеќе во однос на претходната година, информираат денеска од Министерството за финансии.