Презентиран проектот „Развој и реинженеринг на деловните процеси за новиот даночен ИТ систем“
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, заедно со тимот кој работи на проектот „Развој и реинженеринг на деловни процеси за новиот интегриран даночен ИТ систем“, денеска пред претставници на повеќе државни и јавни институции, како и правосудни органи, ги образложија целите на проектот, очекувањата и резултатите што ќе се постигнат прeку целосна имплементација на оваа значајна реформа.