Раст на прометот во индустријата на домашниот и на странскиот пазар
Прометот во индустријата во 11-те месеци од 2018 година бележи раст од 16,1 отсто во однос на тој период претходната година. Раст од 15,1 отсто забележан е и во ноември 2018 во однос на ноември 2017 година, додека во однос на октомври 2018 има намалување од 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.