Официјализирање на соработката меѓу Коморскиот инвестициски форум и Австриската федерална комора
Претседателот на Стопанската комора на Македонија и потпретседател на Коморскиот инвестициски форум, Бранко Азески, денеска во Виена, ќе учествува на настан на кој ќе биде официјализирана соработката помеѓу Коморскиот инвестициски форум, Австриската федерална стопанска комора и Австриското федерално министерство за Европа, интеграции и надворешни работи, кое ја координира работата на Австриската агенција за развој.