Планот за економски раст претставен пред бизнисмени од пијанечко-малешевскиот регион
За 37 проценти се зголемени средствата за финансиска поддршка на компаниите, од кои Владата на РМ преку својот буџет како дел од севкупните мерки за економски раст предвидува 4,1 милијарда денари, истакна министерката без ресор за странски инвестиции, Зорица Апостолска, која пред бизнисмените од Пијанечко-малешевскиот регион ги претстави трите столба од владиниот План на економски раст.