Десет компании денеска го добија признанието „Македонски квалитет 2018“ што традиционално, четврта година, го доделува Сојузот на стопански комори.
Договор за државна помош за делумно субвенционирање со транспарентните мерки од Планот за економски раст на Владата денеска е потпишан со швајцарската компанија Баумер која гради свој капацитет во ТИРЗ Скопје 1 во Бунарџик. Договорот го потпишаа директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Александар Младеновски и извршниот оперативен директор на Баумер, Марсел Фрај.
Педесет млекопроиводители од општините Дебар и Центар Жупа аплицирале за субвениции. Финасиската поддршка се однесува за произведено и предадено кравјо и овчо млеко во периодот мај-септември годинава.
Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ вчера имаше обраќање на Меѓународниот економски форум „Перспективи”, што се одржа во Загреб. Во своето излагање тој зборуваше за регионалната економска соработка која води кон подобра иднина на регионот.
Работејќи надвор од формалната економија, поединците ги избегнуваат даноците, административните постапки, уплаќањето социјални придонеси, даночните и трудовите регулативи.
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски ќе извршат увид во градежните работи на производствениот погон на компанијата Баумер во ТИРЗ Скопје 1 (Бунарџик).
Предупредувањата за воведување прогресивно оданочување и нови даночни политики негативно ќе влијаат во туризмот, велат од туристичкиот сектор.
Прехранбената индустрија „Витаминка“ што ја купи фабриката за масло „Брилијант“ од Штип заедно со велешката фабрика „Благој Ѓорев“ има иницијатива да учествува во откупот на сончоглед, да заживее производството и повторно оваа култура да се врати на македонските ниви.
Управниот комитет на инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан – ВБИФ (Western Balkas Investment Framework – WBIF), донесе одлука на Република Македонија да ѝ одобри три апликации за инфраструктурни проекти во вкупен износ од 24 милиони евра грант (неповратни) средства за техничка помош и инвестиции.
Македонија е на добар пат и ја има целосната поддршка на Јапонија во однос на нејзините обиди да се интегрира во ЕУ и НАТО, но земјата мора повеќе да се презентира пред јапонските бизнисмени со цел да ги привлече, бидејќи тие се уште немаат доволно информации за состојбата во земјата и економската клима.