Апостолска: Пред бизнисот отворивме економски перспективи кои ветуваат стабилна деловна клима
Турбуленциите и неизвесноста ги оставивме зад нас, во историјата, а пред граѓаните и бизнисот отворивме економски перспективи кои ветуваат стабилна деловна клима и силна институционална поддршка за секоја претприемачка идеја која е втемелена на знаењето, иновациите и новите технологии, порача министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска во своето обраќање на првиот „Светски конгрес на претприемачи“, што се одржува во Загреб.