Од 2019-та, Македонија во четири нови проекти на ФАО
Од вкупното производство на храна, Македонија може да извезува 87 отсто, а со 13 проценти може да ги задоволи домашните потреби, но нема доволно преработувачки капацитети, слаб е пристапот до странски пазари, а се поизразени се и климатските промени, беше речено на денешната прес-конференција на која се потпишаа договорите за четирите нови регионални проекти на ФАО.