Во мај пониски цените на угостителските услуги
Цените на угостителските услуги во мај годинава во однос на претходниот месец бележат намалување за 0,1 отсто, а за периодот јануари - мај 2018 годна во однос на тој период лани бележат зголемување за 1,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.