„Стандард и Пурс“: Монетарната политика придонесува за забавување на инфлацијата, банкарскиот сектор стабилен
Денарот е стабилен, а девизните резерви се на соодветното ниво. Монетарната политика што ја води Народната банка, како и намалувањето на притисоците од увезените цени, придонесоа за забавување на инфлацијата, за која се очекува дека и понатаму ќе се намалува.