Претседателот на организацијата Солидарност Васе Недановски и в.д претседателката на УЈП Сања Лукаревска пред почетокот на средбата во изјава за медиумите изразија надеж за изнаоѓање заедничко решение.
Податоците на централната банка покажуваат дека нето надворешниот долг на земјата во првиот квартал од 2023 година е намален за 120 милиони евра, или за 2,7 проценти.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај годинава бележи раст и изнесува 5,09 проценти, а на вкупните депозити 1,22 проценти, објави денеска Народната банка.
Странските иматели на платежни картички за купување производи и услуги од македонски е-трговци во 2022 година потрошиле 21.76 милиони евра, што во однос на претходната година претставува пораст од скоро 33 отсто.
Преку прифаќање на принципите и стандардите на СЕПА, како што беше посочено, ќе се подобри ефикасноста кај плаќањата, ќе се намалат трошоците и ќе се олеснат трговијата и инвестициите во и надвор од нашите граници.
Според синдикалците, има поместување од „мртва точка“, а според владините претставници, постигнат е значителен напредок во преговорите.
Има поместување од „мртва точка“, но во понеделник ќе се одржи нов состанок на кој ќе се направи уште еден обид за доближување на ставовите.
Како што беше истакнато, за регионот од особен интерес е усогласувањето на платежната инфраструктурa со рамката на Единствената европска платежна област (СЕПА), за поефикасни прекугранични трансакции и забрзување на економскиот раст.
ТАГ-от (микробранов транспондер) треба да се регистрира (преконфигурира) на веб пoрталот openbalkan-etc.com
Илија Манасиев е новиот помирувач меѓу Синдикатот и раководството на Управата за јавни приходи (УЈП).