Обновена сезонската авиолинија Охрид-Белград, „Ер Србија“ ќе лета четири пати неделно
„Ер Србија“ ќе лета четири пати неделно од Охрид до Белград, во понеделник, среда, петок и во сабота и како што беше истакнато, ќе биде добро поврзување на патниците со западноевропските и прекуокеанските држави.