Во април годишен раст од 8,6 проценти на депозитите и од 6,3 проценти на кредитната поддршка
Кредитите на домаќинствата, во април, се повисоки за 0,4 проценти и 6,7 проценти, на месечна и годишна основа, соодветно. Растот по двете основи, е резултат на зголемените кредити во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во странска валута.