Во првото тримесечје од 2023 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 3 136 295 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 35.3 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2023 година, во однос на првото тримесечје од 2022 година, е зголемено за 33.4 %.
ССМ апелира работниците масовно да се придружат на активностите на синдикатите во наредниот период, наведувајќи дека „само заедно можеме да се избориме за нашите работнички права!“
Нашите градежници во првиот квартал годинава работеле на пазарите во Германија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Чешка.
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска информира дека поддршка во борбата против 60-часовното работно време што како можност се дава со пакетот закони за коридорите 8 и 10д, добиле и од Европскиот синдикат за јавен сектор.
Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 процент.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе биде 77,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 67,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 66,5 денари за литар.
Државата од јуни годинава ќе воведе граѓанска обврзница, нов инструмент за финансирање на развојни проекти и на пазарот на капитал, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.
Како што информира на денешната средба со новинарите, досегашната плата му била 71.145 денари, а за април му се исплатени 125.960 денари.
Со оваа измена, како што информира, се доуредуваат постапките за поставување фотоволтаици за искористување на сончевата енергија како најевтин енергетски ресурс и како еколошки најисправен начин на производство на енергија.