Живот во Македонија: Трошоците на живот повисоки за 13%, а цените на мало за 10.1% во споредба со април лани
Трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0.7, а цените на мало за 1.4 отсто. Во однос на април лани, пак, трошоците на животот бележат раст од 13.0, а цените на мало од 10.1 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.