НБ: Усвоена е Стратегијата за макропрудентна политика, задржана e финансиската стабилност
Комитетот за финансиска стабилност ја усвои Стратегијата за спроведување на макропрудентната политика во Република Северна Македонија, којашто ја подготви Народната банка, во консултација со останатите финансиски регулатори, во согласност со новиот Закон за финансиска стабилност.