Откако си ги зголемија платите, Владата ги зголеми цените на овошјето и зеленчукот: Краставици, домати и грав до 95 денари, пиперки до 100 денари
Владата денеска донесе Одлука со која се корегираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот. Како што изјави министерот Крешник Бектеши, согласно Одлуката, килограм домати и краставици ќе чини максимум 95 денари, килограм пипер до 100 денари, килограм грав 95.