Самит на „Македонија 2025“ - просперитетни економии преку општествена трансформација, дигитализација и стратешко лидерство
Дигитална трансформација, зајакнување на претприемничките капацитети, иновации во функција на поголема конкурентност, холистички пристап преку примена на ESG (environment, society, governance) стандардите, се само некои од темите што ќе бидат во фокусот на годинашниот Самит на Македонија 2025 што ќе се одржи во Скопје на 26 и 27 април годинава