Казни и одземање на дозволи за работа на менувачници кои шпекулираа околу курсот на денарот и еврото, најави Гувернерката
На две менувачници ќе им биде одземена лиценцата, а оние менувачници кои ја прекршиле регулативата, ќе бидат санкционирани со парични казни, изјави вечерва гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.