На Институтот по славистика и балтичка филологија при Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта денеска се одржа настанот „Вина од Македонија – вовед во македонската винска култура и традиции“ (предавање и дегустација на македонски вина).
Српската Влада денеска донесе Заклучок со кој се одобрува извоз на пченица и пченка во Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што соопшти српското министерство за финансии, на влезната (српската) страна на граничниот премин Прешево-Табановце е поставен знак „Отворен Балкан“, со кој се означува лентата наменета за превозници на компании од Србија, Македонија и Албанија со статус на овластен деловен субјект
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во март изнесуваат 36.768 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој секој месец ја прави пресметката на синдикалната минимална кошничка
Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,492 денара за килограм, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)
Според српските комори, земјава ќе увезе 100 000 тони лебно жито, иако поднесеното барање беше за 50 000 тони
Оваа сезона сточарите од дебарското подрачје, се очекува да продадат околу 20 илјади јагниња, истакна претседателот на здружението „Даши“ на сточари од Дебар и Центар Жупа, Скендер Аме
Потребен е сеопфатен пристап, зајакнување на меѓуинституционалната и регионалната соработка, како и јакнење на капацитетите за борба против оваа појава. Неопходно е и кадровско и финансиско јакнење на институциите за борба против корупцијата, со цел да се постави солидна основа и за поефикасна регионална соработка
Во првите два месеца од годинава од земјава вкупно се извезени стоки во вредност од 75,047 милијарди денари или 1,216 милијарди евра што е зголемувањеза 13,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година
Трошоците на живот во март се зголемени за 8,8 проценти во споредба со март лани, а цените на мало за 9,6 проценти