Анѓушев: Инвеститорите на фотоволтаици за сопствени потреби да се охрабрат, тие за продажба на струја да бидат повнимателни
Инвеститорите на фотоволтаици за сопствени потреби треба да се охрабрат, а оние што инвестираат за продажба на струја да бидат повнимателни. И едните и другите да ги следат процедурите за реализација на инвестицијата, изјави денеска Кочо Анѓушев, заменик-претседател на Стопанската комора на Македонија и претседател на Македонската енергетска асоцијација