На „Табановце“ камионите поминуваат за помалку од 30 минути, тенденцијата на „Отворен Балкан“ е слободен проток
„Отворен Балкан“ значително го забрза протокот на стоки. На граничниот премин Табановце – Прешево камионите ги минуваат царинските и полициските контроли за помалку од четири минути, а целиот процес на проверки и пропуштање, заедно со ветеринарните и фитосанитарните инспекции, не трае повеќе од половина час