Алити: Во друштвата за управување со отворени и затворени инвестициски фондови и во брокерските куќи кои работат во државата нема руски капитал
Ескалацијата на руско-украинскиот конфликт и предизвиците кои овие случувања ги наметнаа пред се, на енергетски план, генерално гледано доведоа до првични негативни рефлексии врз тргувањето на Берзата, проследено со одраз на цените на акциите, кои се движеа од првичен и еднократен пад од 8,39 отсто на МБИ 10 на берзанскиот ден кога започнаа воените дејствија, се до нормализирано и вообичаено тргување, без каков било драматичен предзнак