„Макпетрол“: Намалување на маржата ќе предизвика криза со горивата и блокада на економијата
Ненадејното намалување на маржите за трговија со горива од 4,5 на три денари, односно за 33 отсто, што историски претставува најниска маржа за трговците, создаде непазарни услови кои ќе доведат до криза со снабдувањето со нафта и нафтени деривати, соопшти денеска компанијата „Макпетрол“