Ангеловска-Бежоска: Во Македонија нема ниту руски ниту украински банки, нема ризик за стабилноста на банкарскиот систем
Граѓаните да бидат спокојни, курсот на денарот останува стабилен и понатаму, исто како и банкарскиот систем. Нема банка во доминантна сопственост на акционери од Русија или Украина, од овој аспект, не постои изложеност на ризик и можност за влијание врз стабилноста на банкарскиот систем